Избрана статија за оваа седмица
|
Торинско платно — ленено платно со слика на еден човек за кој се претпоставува дека е Исус Христос, кој се чини дека бил физички трауматизиран при распетието. Таа се чува во кралската капела на катедралата „Св. Јован Крстител“ во Торино, Италија. Се верува дека тоа e крпата со која било обвиткано телото на Исус за време на неговиот погреб.
Сликата на платното е повеќе видлива кога е сликана во негатив одошто во природните бои. Негативната фотографија на сликите од платното била за прв пат проучена вечерта на 28 мај 1898 година кога ја сликал аматерскиот фотограф Секондо Пија. Тој добил дозвола да го слика платното додека било објавено за јавноста во Катедралата во Торино. Според Пија, само што не го пуштил апаратот од раце кога ја видел сликата со човечко лице на неа.
Платното е предмет на интензивна расправа помеѓу научниците, верниците, историчарите и писателите за тоа од кога постои платното, од каде потекнува и како е создаден ликот на самото платно. Од религиска гледна точка, во 1958 година Папата Пиј XII, заедно со Католичката црква, дека ликот е светото лице на Исус. Некои веруваат дека платното е покривката со која бил покриен Исус кога го поставиле во гробот. Скептиците сметаат дека ова платно е обична средновековна лажга, додека пак други тврдат дека ликот се создал по пат на природни хемиски реакции. (Дознајте повеќе...)
|
Дали сте знаеле…
|
Занимливости од содржините на Википедија:
- ... дека Лахта-центарот во Санкт Петербург е највисока градба во Европа со 462 м?
- ... дека и покрај класичниот османлиски изглед, џамијата „Чамлиџа“ во Истанбул е изградена во 2019 година?
- ... дека руско-германската вселенска опсерваторија „Спектар-РГ“ се очекува да даде слика за 100.000 јата од галаксии?
- ... дека островот Калата во езерото Калиманци е дел од антички утврден град?
- ... дека половината сојузни држави на САД носат имиња добиени од домородните американски јазици?
- ... дека во Ресенско постојат барем 125 познати археолошки наоѓалишта?
- ... дека UY Штит, најголемата ѕвезда позната на астрономијата, е 3,7 милијарди пати поголема од нашето Сонце?
- ... дека вештачкото Владовско Езеро недалеку од градот Воден, Егејска Македонија, е дом на преку 250 видови птици?
- ... дека македонскиот народ во минатото галаксијата Андромеда ја нарекувал Гумно поради големата сличност на обликот?
- ... дека градот Белград во Албанија е основан во IV век п.н.е. од македонскиот цар Касандар под името Антипатреја во чест на татко му Антипатар?
- ... дека Аралското Езеро е сведено на поголема бара поради прекумерното користење на водата од реката Аму Дарја за наводнување на памучните полиња?
- ... дека древномакедонскиот Дервенски папирус најден кај селата Ајватово и Лагиново, Солунско, е најстариот зачуван ракопис во Европа и датира од времето на Филип II Македонски?
- ... дека стоболката (Spermophilus citellus) е така наречена поради народното верување дека лечи од сто болести?
- ... дека Јеловјане и Урвич во Горни Полог (Тетовско) се горански села, иако не се во областа Гора?
- ... дека римскиот пат Вија Егнација е наречен по нејзиниот градител — Гнеј Егнациј, проконзул на Македонија?
- ... дека историско-географската област Чеч се протега во Пиринска и Егејска Македонија, но дел од нејзиното население живее во Одринско, европска Турција?
- ... дека првото сметачко глувче е направено во 1964 г. како изум на американскиот инженер Даглас Енгелбарт?
- ... дека Русумскиот мост на реката Кагера го прешле дури 250 000 лица во рок од 24 часа, бегајќи во Танзанија од геноцидот во Руанда?
- ... дека целата Британска Индоокеанска Територија (аргипелагот Чагос) воопшто нема постојано население?
- ... дека стапчињата за јадење влегле во широка употреба дури за време на династијата Минг (XIV-XVII век), иако постоеле со илјадалетија?
- ... дека Општина Долнени има дури 184 познати археолошки наоѓалишта?
- ... дека споменикот „Валхала“ кај Регенсбург е здание во облик на антички храм кое ги чествува великаните од историјата на германските народи?
- ... дека во Македонија традиционално се користеле кирилични бројки наместо подоцна воведените арапски?
- ... дека Бања Банско е изградена од римскиот цар Каракала во III век?
- ... дека музејот Уфици во Фиренца еден од најстарите и најпосетуваните во светот?
|
На денешен ден…
|
Денес е 2 август 2019 г.
Настани:
338 п.н.е.
|
Се одвива Битката кај Херонеја во која Филип II Македонски ја остварува својата најголема победа над здружените сили на Атина и Теба.
|
219 п.н.е.
|
Во текот на Втората пунска војна се одвива Битката кај Кана, каде картагинската војска, на чело со Ханибал, ја совладува бројно далеку помоќната римска војска.
|
1903
|
Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Kичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, Mариовско.
|
1941
|
Месниот комитет на КПЈ за Битола во градот организира демонстрации во кои членовите на извикуваат „Да живее слобдна Македонија“. Со тоа е оневозможено окупаторот да го искористи празникот на македонскиот народ за сопствени цели.
|
1941
|
На бугарско-италијанската демаркациона линија карабињетите ги уапсиле членовите на месниот комитет на КПЈ за Тетово при нивното враќање од Скопје. |
1942
|
Во селото Смилево (во кое во 1903 година е донесена одлука за одржување на Илинденското востание) битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ ја запалил општинската зграда, архива и одржал митинг. Со оваа акција спречена е прославата на Илинден од страна на бугарскиот окупатор на која требало да присуствува бугарскиот министер за внатрешни работи.
|
1943
|
Во близина на селото Отешево одржан е проширен состанок на Централниот комитет на КПМ на кој се донесени одлуки за формирање на поголеми воени единици (батаљони и бригади), за започнување на припреми за свикување на АСНОМ, како и за формирање на повисоки органи на власта.
|
1944
|
Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 преставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). Во согласност со одлуките на АВНОЈ, Македонија е потврдена како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на чело со Методија Андонов - Ченто (на сликата), а македонскиот јазик е воведен како службен јазик.
|
1991
|
Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник Република. Вториот број излезе на 8 септември 1991 година.
|
Родени:
Починале:
Празници:
|
|
|
Други области
|
-
Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
-
Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
-
На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
|
|